Абазовиќ: После Украина, на мета се Црна Гора, БиХ и Македонија

од Nikola Popovski
666 прегледи

-Црна Гора е членка на НАТО и нема да ја промени својата надворешна политика ниту за милиметар, особено не во кризни ситуации, а последната криза околу Украина е можност за побрз пристап во ЕУ, рече Дритан Абазовиќ, кој го прими од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ мандатот за формирање нова влада.

Тој нагласи дека во контекст на актуелните настани во Украина, важно е Црна Гора да има влада откако владата на премиерот Здравко Кривокапиќ на почетокот на февруари ја загуби довербата на пратениците во црногорскиот парламент.

Во ситуација на голем конфликт како што е сега, „големите држави имаат можност да палат мали пожари на други места“, посочува Абазовиќ.

-Не велам дека ова е закана за Црна Гора, но ако има земји кои се мета, тоа се само три држави – БиХ, ние и Северна Македонија, предупреди тој.

Абазовиќ посочува дека на глобално ниво Црна Гора може да ја искористи оваа ситуација за да го забрза патот кон полноправно членство во ЕУ.

Слични содржини