Абазовиќ потврди: Во јануари 2020 година е укината забраната за влез на Беливук во Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, потврди дека во јануари 2020 година е укината забраната за влез на криминалецот Вељко Беливук во Црна Гора.

„Вистина е дека забраната беше укината за Беливук во јануари 2020 година. Не знаеме кој ја укина, работиме на тоа. Претпоставуваме кој е. Но, на крајот на краиштата, не можам да кажам, за потоа да не биде зошто такво нешто е кажано јавно без докази“, рече Абазовиќ на контролното рочиште пред црногорскиот комитет за безбедност и одбрана.

Абазовиќ додаде дека би сакал Црна Гора да забрани влез на бројни криминалци, особено пред туристичката сезона, пренесе ЦДМ.

Ова го рече како одговор на претседателот на Комитетот, Милан Кнежевиќ, кој го праша дали има оперативни информации дека синот на раководителот на Секторот за борба против организиран криминал, Зоран Лазовиќ, Петар, вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), имал редовни контакти со еден од наводните шефови на „кавачкиот клан“, Радоје Звицер и дали е во корелација нивната врска со напуштањето на Звицер на Црна Гора, за време на апсењето на членовите на криминалната група.

„Синот на Зоран Лазовиќ и Радоје Звицер … Имаме одредени информации, затоа тие не се далеку од вашите. Но, не би сакал да го споделам сега. Немам информации дека Зоран Лазовиќ, Петар Лазовиќ, Енис Баковиќ и Бранислав Брано Мишуновиќ се сретнале во еден бар во Подгорица““, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека нема информации дека агентите на АНБ биле директно вклучени во ликвидацијата на Алан Козар во Грција, пренесе „ЦДМ“.

Кнежевиќ го прашал и Абазовиќ дали имал информации дека Мило Ѓукановиќ, Душко Кнежевиќ, Веселин Вењовиќ и Милутин Симовиќ имаат државјанство на Обединетите Арапски Емирати.

„Постојат интересни работи околу Емиратите“, рече кратко Абазовиќ.

Слични содржини