Главна цел на земјите од Западен Балкан е членство во Европската Унија, изјави Дритан Абазовиќ, премиер на црногорската влада во технички мандат и координатор на Министерството за надворешни работи.
Абазовиќ ова го изјави во Будва, каде беше домаќин на шефови на дипломатии и високи претставници на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
На состанокот, кој претставува еден од завршните настани во рамките на црногорското претседавање со ПСЈИЕ, присуствуваа, меѓу другите, вицепремиерот и министерот за надворешни работи на Косово, Доника Гервала Шварц, шефовите на дипломатиите на Албанија и Северна Македонија, Олта Џачка и Бујар Османи, генералните секретари на Советот за регионална соработка (РЦ) и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) Мајлинда Брегу и Роберто Антонионе.