181
Вршителот на должноста премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, коментирајќи го договорот меѓу Белград и Приштина, истакна дека тој има исклучително добри импликации за сите во регионот.
„Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот“, рече тој за ТВ Кљан Косово.
Абазовиќ додаде дека би било многу добро да се постигне конечен договор.