Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска ги повика сите страни да заборават на политиката што се водеше во 90-тите години од минатиот век.
-Да излеземе од вирусот на 90-тите и да се свртиме кон иднината, гледајќи не во ЕУ, во контекст на добра соработка. Мислам дека би било добро доколку можеме заедно да соработуваме. би било добро ако заеднички го промовираме туристичкиот пазар, сите заедно во САД како Западен Балкан. Зошто да не настапиме заедно, да ги промовираме сите наши ресурси заедно и да не се грижиме дали некој ќе заврши во Скопје, подгорица или Сараево. На крајот на краиштата, кога тие ќе го откријат регионот, насекаде ќе прошетаат и ќе посетат и ќе биде добро за сите, предложи Абазовиќ во својот говор на Преспа форумот за дијалог.