Абазовиќ смета дека оружјето не било мотив на копачите на тунелот под Подгоричкиот суд

од Nikola Popovski
335 прегледи

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ денеска пред тамошните новинари изјавил дека случајот со тунелот под Вишиот суд во Подгорица ќе биде решен доколку се продолжи со оваа волја и дека ќе даде бројни одговори за проблемите на организираниот криминал во изминатите 20 години во таа земја.

– Јас не сум детектив, имам право на свои сомневања и мислења. Лично тврдам дека ова е најпроблематичниот случај досега, рекол Абазовиќ.

Зборувајќи за исчезнувањето на сторителите, тој вели дека смета оти министерката за екологија Ана Новаковиќ Ѓуровиќ ќе го прифати полиграфот, како што го предложил за други случаи. Тој истакнал дека и тој ќе прифати да подлежи на полиграфски тест.

– Не можеме да кажеме. Управата на полицијата и Основното обвинителство никогаш досега не извршиле поефикасни дејствија. Значителен дел од работата е завршена, сето тоа со своја оператива, кажал Абазовиќ, додавајќи дека се украдени неколку пиштоли и пушки.

Тој смета дека тоа не бил главниот мотив за копање на тунелот.

-Не би ме изненадило во наредниот период да се прошири обвинението, објавено вчера, против полициски службеници, им рекол Абазовиќ на новинарите.

Слични содржини