Абазовиќ: Трагедиите во Србија се предупредување за сите земји во регионот

од Nikola Popovski
221 прегледи

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ вчера изразил уверување дека децата во Црна Гора се безбедни и додаде дека очекува пред почетокот на новата учебна година да стапат на сила новите мерки за борба против врсничкото насилство.

Осврнувајќи се на интервјуто на Абазовиќ за телевизијата Адрија, РТЦГ пренесува дека црногорскиот премиер истакнал дека општеството живее во време на општа глобализација и достапност на различни содржини во медиумите и на социјалните мрежи и потврдил дека има многу иницијативи за промена тие содржини на некој начин.

„Не сум сретнал ниту еден човек кој не се согласува дека нешто мора да се преземе во врска со тоа. Дефинитивно имаме премногу насилство и содржини што доведуваат до девијантни појави“, предупредил Абазовиќ.

Премиерот на Црна Гора уште еднаш изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагичните настани во Србија и рече дека ова е предупредување за сите земји во регионот.

Се надевам дека сериозно ќе го сфатиме тоа предупредување и дека ќе ги преземеме сите неопходни мерки, а тие мора да бидат инклузивни и мора да ги вклучуваат сите елементи на општеството“, рече Абазовиќ и потсети дека перцепцијата на содржината на социјалните мрежи или во медиумите е не е исто кај возрасните и кај децата.

Слични содржини