Абдел Фатах ел Сиси не ја напушта претседателската функција во Египет

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси победи на изборите со 97 отсто од гласовите и го доби вториот мандат, соопшти денеска египетската изборна комисија. Сиси победи и пред четири години со ист број на гласови. Одзивот на гласачите на изборите одржани во текот на три дена изнесува 41 отсто, што е помалку од одзивот пред четири години.

Неговата победа беше речиси загарантирана, бидејќи сериозните опозициски кандидати се повлекоа од предизборната трка многу порано годинава.