По дополнителни истражувања, листата била составена и на неа се нашле околу 60 луѓе, дел од нив анонимуси за пошироката јавност.
Меѓународните претставници од земјава подготвиле црна листа на која се нашле околу 60 луѓе, политичари, бизнисмени и лица во потесен или поширок круг околу почитичарите кои биле мамки во криењето на вистинската сопственост на фирмите и сметките во странство, дознаваСведок, од доброинформирани извори во меѓународните организации во Скопје.
Според истите извори, на барање на овие претставници, релевантни институции, како Специјалното обвинителство, банки, и други финансиски институции кои се должни да комуницираат и разменуваат податоци со нивните европски и американски колеги, доставиле податоци за имот и сметки на лица, за кои постојат сомневање дека е стекнат на незански начин, со перење пари или со трговија на оружје и дрога.
По дополнителни истражувања, тврдат изворите на Сведок, листата била составена и на неа се нашле околу 60 луѓе, дел од нив анонимуси – непознати за пошироката јавност, но токму тие биле управители на повеќе фирми преку кои одел патот на парите.