Абрахам продолжи со тренинзите

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Најдобриот стрелец на Рома, Тами Абрахам, сега тренира заедно со своите соиграчи, откако заработи повреда во тешкиот пораз од Удинезе со 4-0 пред една недела. Англискиот интернационалец го пропушти гостувањето кај Лудогорец во Лигата на Европа (1:2), но се очекува да стартува против Емполи во понеделник.

Рик Карсдорп исто така не отпатува за Разград, но се опорави од повредата и ќе стартува од првата минута против Емполи. Во амбулантата на „волците“ остануваат Мараш Кумбула, Стефан Ел Шарави, Николо Заниоло, Џорџињо Вајналдум и Ебрима Дарбо.

Пауло Дибала и Лоренцо Пелегрини кои стартуваа против Лудогорец нема да бидат поштедени. Двајцата ќе играат во понеделник, а на голот ќе се врати Руи Патрисио.

Тренерот Жозе Мурињо ќе треба да одлучи на кој меѓу Леонардо Спинацола и Никола Залевски ќе се обложи на левото крило.

Слични содржини