Абрахам: Сакав трофеј со Рома и го освоив во првата сезона

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Англискиот напаѓач Тами Абрахам, кој одигра силна прва сезона со дресот на Рома, изјави дека триумфот на „волците“ во Лигата на конференциите е заслужен.

Италијанскиот клуб го освои првиот трофеј во својата историја од европски клупски турнир по победата од 1-0 во финалето против Феенорд.

„Една работа што ја кажав кога дојдов овде е дека ќе му помогнам на мојот тим да стигне до финалето и дека еден ден сакам да освојам трофеј. Тоа го постигнав во првата сезона. Им честитам на соиграчите за одличните игри. Убав гол на Нико (Николо Заниоло), Крис (Смолинг), целиот наш тим. Работевме напорно цела година, го заслуживме тоа“, изјави Смолинг за БТ Спорт.

„Навивачите? Ги сакам. Од мојот прв ден овде, тие се најдобри. Ние сме шампиони, среќен сум што сум дел од овој тим. Сега е време за забава, уживање во моментот и славење“, изјавија „деветката“ на Рома.