Абрахам со историско достигнување

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Тами Абрахам стана Англичанецот со најмногу голови во една сезона во историјата на Серија „А“. Во последниот натпревар на Рома за сезоната во италијанскиот шампионат – против Торино, англиската „деветка“ на „волците“ постигна два гола за победа против „биковите“ од 3:0.

Така Абрахам ја заврши својата прва сезона во Серија „А“ со 17 гола – еден повеќе од Гери Хиченс, кој постави рекорд од 16 гола со дресот на Интер во сезоната 1961/62. На сите турнири Абрахам има 26 гола на 51 натпревар.

По победата над Торино, која на „џалоросите“ им обезбеди пласман во Лига Европа следната сезона, „детето“ на Челси изјави дека се заљубил во клубот уште од првиот ден и се надева дека тој и неговите соиграчи ќе имаат причина да слават по финалето на Лигата на Конференциите во среда, кога Рома ќе се соочи со Феенорд.

Слични содржини