Борусија Дортмунд ќе се обиде да го купи Миши Батшуаи за постојано во текот на летото, откако во германскиот клуб останале фасцинирани од стартот на Белгиецот во Бундеслигата. Напаѓачот на Челзи, кој во моментов е позајмен на „жолто-црните“ до крајот на сезоната, постигна три гола во два натпревари како стартер за Борусија.
Извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке призна дека од Дортмунд се обиделе уште минатиот месец да договорат опција за купување на Батшуаи, но од Челзи не се согласиле.
„Направивме обид да вклучиме опција за купување, но од Челзи одговорија негативно. Кога Роман Абрамович ќе каже „не“, тоа значи „не“, изјави Вацке.
Борусија ќе направи нов обид да го стори тоа во текот на летото. Ако Батшуаи продолжи да игра на овој начин, тоа ќе изгледа уште потешко.
Челзи плати за Батшуаи 30 милиони фунти на Олимпик Марсеј во 2016 година, но на „Стемфорд Бриџ“ сметаат дека со силни перформанси на Светското првенство цената на Батшуау ќе стане многу повисока.