Сопственикот на Челзи Роман Абрамович привремено се повлече од функцијата, предавајќи ја контролата на бордот на фондацијата Челзи.
-За време на мојата речиси 20-годишна сопственост на ФК Челзи, отсекогаш гледав на мојата улога како чувар на клубот, чија работа е да се осигура дека ќе бидеме успешни колку што можеме повеќе, како и градејќи ја иднината, додека исто така играјќи позитивна улога во нашите заедници. Отсекогаш сум носел одлуки со најдобриот интерес за клубот. Останувам посветен на овие вредности. Затоа денеска ја отстапувам мојата сопственост и грижата за клубот на луѓето од бордот од фондацијата Челзи.
Верувам дека моментално тие се во најдобра позиција да се грижат за интересите на клубот, играчите, персоналот и навивачите, стои во соопштението на лондонските „сини“.
Абрамович го стекна своето богатство продавајќи државен недвижен имот пред распадот на Советскиот Сојуз. Тој го купи фудбалскиот клуб Челзи во 2003 година. Тој тогаш беше просечен англиски премиерлигаш, а Абрамович го направи еден од најуспешните фудбалски клубови во 21 век.
Има голем притисок врз Абрамович, пишува Дејли Мејл, потенцирајќи дека е можно наскоро рускиот олигарх да започне со процесот на продажба на Челзи, а за тоа пишува Блумберг. Американскиот медиум кој се занимава со економијата наведува дека продажбата на Челзи е веројатна и дека Абрамович е речиси принуден да реагира на тоа од јавноста.