Абу Даби во календарот на Ф1 до 2030 година

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Формула 1 во четвртокот објави дека трки во Абу Даби ќе се возат најмалку до 2030 година.

Во пресрет на последната трка од сезоната во која ќе се решава прашањето за шампионот, Формула 1 објави дека потпишала нов договор со раководството на „Abu Dabi Motosporst“, што ќе овозможи Гран При на Абу Даби да остане на календарот барем до 2030 година.

Откако се врати во календарот на Ф1 во 2009 година, патеката „Јас Марина“ им донесе неколку незаборавни трки на љубителите на Формула 1, а оваа година ќе се реши прашањето за шампионот, бидејќи Луис Хамилтон и Макс Верстапен во последната битка влегуваат сосема рамноправно.

„Возбудени сме што можеме да потврдиме дека соработката со Абу Даби е продолжена до 2030 година. Посебно се радуваме на финалето од оваа сезона“, изјави извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали.

Слични содржини