Пејачот Аца Лукас вчера имал сообраќајна несреќа во близина на аеродромот „Никола Тесла“.
Како што објавија медиумите, пејачот бил на совозачкото седиште, а возилото го управувал неговиот возач. Со нив во автомобилот била и најмладата ќерка на Лукас, Викторија.
Автомобил „мини купер“ удрил во страната на „мерцедесот“ во кој биле Аца и неговата наследничка, но за среќа нема повредени.
Како што открил извор за „Курир“, Лукас имал настап во град во близина на Амстердам, а следниот ден отишол во продавница да купи подароци за својата ќерка. Со оглед на тоа дека Викторија добро јава, и дека ѝ купи коњ претходно за роденден, планирал да оди на ручек со неа од аеродромот, а потоа на хиподром.
Но, дошло до несреќа, а како што понатаму се наведува, Викторија по немилиот настан се исплашила и барала вода, но за среќа не била повредена.