122
АД ЕСМ на 13.11.2022 година произведе 12.553 MWh електрична енергија, информираа утрово од Владата.
Од таму додаваат дека во термоелектраните произведени се 7.706 мегават час, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.847 мегават час.
-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 2.400 MWh електрична енергија. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 13.11.2022 година, стои во соопштението на Владата.