АД ЕСМ размени искуства со Шведска за системот за парно греење

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Претставници од АД ЕСМ и Регулаторната комисија за енергетика остварија средба со претставници од Шведска на која разменија искуства во однос на градските системи за парно греење, информираат од АД ЕСМ.

„Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, помошник директорката за производство во АД ЕСМ, Александра Маројевиќ, директорот на Енергетика, Далибор Богдановски и директорот на ЕСМ Производство на топлина, Златко Пиперкоски, ги изнесоа состојбите со греењето во градот Скопје, користењето на природниот гас како основен енергенс, и предизвиците кои ги носат со себе резервните енергенси, мазутот и дизелот, но и определбата на Владата за енергетска трансформација на целиот енергетски сектор, вклучувајќи го тука и греењето на главниот град“, се вели во соопштението.

Од страна на шведските претставници, пратеничката Јуте Гутеланд и заменик градоначалникот на Малме, Седат Ариф биле пренесени искуствата за „Паметното централно греење” кое, како што посочиле во Шведска се базира пред се на секундарна топлина од производните процеси на блиски фабрики и дополнителна топлина од био-отпад.

Од АД ЕСМ велат дека како компанија која го презеде системот на парно греење по задолжение од Владата работат на повеќе прашања поврзани со оптимизација на системот и негово ширење, со цел што повеќе жители на Скопје да се приклучат кон централното греење.

Слични содржини