АД МЕПСО: Неодговорното трошење пари заврши

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Новиот менаџерски тим на АД МЕПСО ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на сите евентуални неправилности во работењето на претходното раководство, соопштија од компанијата денеска.

„Што се однесува до начинот на кој се донирале средства од буџетот на АД МЕПСО, затекнавме ситуација дека истите се распределувале без соодветни критериуми. Па така претходното раководство на компанијата во последните месеци од функцијата „успеало“ финансиската програма за оваа година за оваа намена да ја пречекори за околу 10 милиони денари. Ова е една од повеќето причини зошто побаравме сеопфатна ревизија. Јавноста има право да знае како се трошеле средствата од сите буџетски програми, но апелираме на трпение додека надлежните институции постапуваат. Уверуваме дека новиот менаџмент ќе практикува транспарентност и отчетност во сите сегменти на работењето на АД МЕПСО“, додаваат оттаму.

Слични содржини