Адам Шиф: Очекуваме свиркачот наскоро да сведочи

од desk4
195 прегледи

Претседавачот со Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Адам Шиф изјави дека очекува свиркачот кој доведе до покренување процедура за импичмент на претседателот Доналд Трамп, да сведочи „многу скоро“.

– Се што треба да биде направено е адвокатите кои го застапуваат свиркачот да добијат гаранции што им се потребни за да можат да го застапуваат за време на сведочењето, рече Шиф.

Тој истакна и дека е потребно да се осмисли логистика за да се заштити идентитетот на свиркачот.

После дојава на анонимен свиркач од разузнавачки кругови, демократите во Претставничкиот дом на Конгресот покренаа процедура за импичмент.

Демократите наведуваат дека Трамп ја злоупотребил функцијата и од украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал политичка услуга – да го истражи работењето во Украина на синот на неговиот потенцијален противкандидат од редовите на демократите Џозеф Бајден. ј