Новинарот Мирче Адамчевски во „Топ Тема“ истакна дека нашата држава веќе подолго време е завршена приказна за Русите, затоа што влеговме во НАТО.
Според него руската политика веќе е многу поинаква кон Македонија, во однос на периодот 2015-та, 2016-та година.
„Многу ригидни беа во поглед на македонското приклучување на НАТО и се плашев да не потегнат потег во однос на најкревката работа во Македонија, односно меѓунационалните односи. Добро е што влеговме во НАТО и сметам дека таа приказна е завршена и дека Македонија е една од постабилните држави во регионот“ – изјави Адамчевски.
Адамчевски вели дека анкетите покажуваат дека растот на популарноста на Путин е последица на односот на Европа кон нас.
„Значи не е резултат на активноста на Русија, туку повеќе од односот на Европската Унија кон нас, затоа што веќе со години не влечкаат и не удираат по рамо, ни велат ќе биде, еве и Борел некни рече имаме добра волја“ – изјави Адамчевски.