Адамчевски: Путин и Бајден не се подготвени да одат на атомска војна

од Nikola Popovski

Не сметам дека Путин и Бајден не се подготвени да одат на сѐ или ништо. Сѐ би значело атомска војна во светот. Јас мослам дека мобилизацијата е попуштање на групата „партија на војната“ во Русија, кои што се јавија веднаш после дебаклот на руските војници во февруари. Уште тогаш се зборуваше за мобилизација. Тоа се луѓе во околината на Путин и затоа е направено ова, смета новинарот Мирче Адамчевски, коментирајќи ја делумната мобилизација во Русија.

Според него, ова се прави за да има алиби Путин дека не е негова одлуката, туку на луѓето од Армијата и специјалните сили, кои што постојано бараат за мобилизација.

-Има и националисти. Постои во Русија една групација која што е за војна, додава Адамчевски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини