Адамчевски за нападите во Москва со дронови: Никој не очекува мир туку сите зборуваат за ескалација на војната

од Nikola Popovski
993 прегледи

Нападот со беспилотни летала пред два дена врз Москва и московската област беше најмасовниот од почетокот на руската инвазија на Украина. Ден по нападот се уште не се знае точно колку беспилотни летала имало, чии се и од каде се лансирани. Руското Министерство за одбрана соопшти дека се лансирани вкупно осум беспилотни летала, од кои три паднале и биле урнати, а уште пет наводно биле соборени од противвоздушниот систем Панцир-С. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека системот за противвоздушна одбрана функционирал „нормално, задоволително“, иако, според него, има простор за понатамошна работа и надградба. По тој повод Москва го обвини Киев за нападот, кој сепак негира вмешаност.

Останува прашањето како можеле да ги измамат руските ПВО системи? Новинарот и познавач на воените состојби Мирче Адамчевски во разговор за „Локално“ вели дека станува збор за дронови дојдени од странство.

-Тоа се илјадници километри граници, можеби се долетани од северот на Балтикот или од северна Украина. Не е утврдено, а нормално цела зона не може да се покрие и тие илјадници километри да се заштитат со ПВО. Има одредени т.н. „џебови“ или свети места каде не може да се открие некое летало и се претпоставува дека така се дојдени. Има кажувања дека станува збор за разузнавачка операција која сака да утврди кои се слабите точки и непокриените места со ПВО од страна на Русија, појаснува Адамчевски.

Оценува дека воглавно украински потпис стои позади нападите, но може да се и руските трупи во Украина кои се против Москва, иако тие не се доволно способни.

-(Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски) Михаило Подољак им кажа дека тие не го осудуваат, дека директно не учествувале, но дека имаат поддршка. Има и украинско влијание, смета Адамчевски.

Сепак соговорникот жали што никој не зборува за ескалација на мир, туку сите зборуваат за ескалација на војната.

-Вчера и денес има форуми во Словачка, а Фон дер Лајен изјави дека на воен начин мора да се заврши војната и нема прекинување затоа што претпоставува таа дека на тој начин ќе се води заморен конфликт. Европа во моментов е против мир и прекинување на војната. Ваквите појави како со беспилотните летала водат кон ескалација. Тоа е како комарец да пуштиш на слон, слонот нема да почувствува ништо, меѓутоа сепак може да биде иритиран и тоа да значи ескалација. Некои зборуваат дека ова што се случи е одговор на Украинците заради уништување на командниот полк на украинското воено разузнавање. Повеќе како покажување дека еве можеме да дојдеме до Москва отколку нанесување вистинска штета. Сепак носи значење и штом дошле до Москва, може и со други летала да дојдат. Ќе има ескалација, истакнува Адамчевски.

Н.П.

Слични содржини