„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на Владата на СДС и ДУИ“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека не сакаме да се „вмрежуваат во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа“.
-Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул, порачуваат од партијата на власт.
Во јануари 2026 година, в.д. помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Наташа Раашевиќ, му ја врачи егзекватурата на Душан Адамовиќ како почасен конзул на Република Северна Македонија во Република Србија, со седиште во Панчево. Неговата задача ќе биде да ја унапреди соработката и двостраните односи меѓу двете држави, потврдено од официјалниот веб-сајт на српското МНР.
Назначувањето предизвика реакции во јавноста поради наводни пораки и ставови од социјалните мрежи од 2012 година, кои, според некои коментатори, биле контроверзни и навредливи кон соседни земји.
Портпаролката на СДСМ, цитирајќи една објава од Адамовиќ од 2012 година во која тој пишува „Ова е уште еден доказ дека српска Македонија e окупирана“, рече дека е скандал сам по себе.