Адел го облече својот легендарен фустан и го запали Инстаграм (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Шармантната пејачка Адел не е многу активна на социјалните мрежи, иако еднаш истакна дека има лажен профил на Твитер. Имено, таа има нешто поостар јазик, па затоа нејзиниот тим и забранил да ја користи оваа мрежа, поради што таа наводно ги искажува своите ставови во тајност.

Од друга страна, се чини дека Инстаграм не и се допаѓа премногу, па многу ретко споделува фотографии, и тие скоро никогаш не ги откриваат деталите од нејзиниот приватен живот, но сега, по неколку пијалоци со пријателите во нејзиниот дом, таа објави многу интересни.
Адел, за која е познато дека изгуби дури 45 килограми вишок тежина во последните неколку месеци, поради што е многу витка за прв пат во животот, го носеше фустанот во кој настапуваше во Гластонбери во 2016 година. Пејачката и нејзините пријатели додека седеле во нејзината дневна соба, ја пуштиле снимката од споменатиот концерт, а Адел се досети дека го има тој фустан, „влезе“ во него и ги остави сите без зборови.

– После пет пива – напиша пејачката на оваа фотографија.

Пред тоа, таа сподели една на која е во куќното издание, а втора по ред е фотографија на Адел во една од нејзините најпознати варијанти на облека.

 

 

View this post on Instagram

5 ciders in 👌🏻

A post shared by Adele (@adele) on

Слични содржини