Пејачката Адел, која пред 10-тина дена стави крај на 8-годишната врска и брак со Сајмон Конеки,
беше забележана како се бакнува со друг маж, пренесуваат од „The Sun“.

Изворот, кој ја споделил веста пред таблоидот, тврди дека Адел и новото нејзино момче, кое доста
личи на нејзиниот поранешен партнер, се бакнувале многу страсно во бар во Њујорк.
„Тие сѐ уште се запознаваат и Адел во моментов не бара сериозна врска“, додаде изворот
Сепак, многу од американските таблоиди коментираа дека новиот човек во животот на пејачката
можеби е вистинската причина за нејзиниот развод со Сајмон.
Во официјалното соопштение, претставниците на Адел објавија дека ќе се одвојат и побараа да не
се дебатира за нивниот личен живот, бидејќи и двајцата сакаат да го заштитат својот 7-годишен син
и да одржуваат добри односи.