Адел прекина свој концерт за да му помогне на фан

од Vladimir Zorba
78 прегледи

28-годишната пејачка Адел прекина свој концерт во Сиднеј, за да му помогне на паднат меѓу публиката обожавател и да се увери дека тој е добро. Видеоснимка од настапот во австралиската престолнина покажува како точно пред да го испее хитот Rolling in the Deep, ѕвездата им вели на сите 95 000, дека мора да запре, бидејќи “некој бил повреден и таа треба да се увери дека е добро” .

Таа ги натера должните екипи за итна помош веднаш да го изнесат повредениот фан надвор од стадионот.

Според локалните медиуми, ако Адел не го паузирала концертот и не алармирала за случувањата, никој друг немало да го забележи паднатиот фан и да му помогне.