Aдел со таен профил на „Твитер“

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Британската пејачка Адел си направила таен профил на Twitter, откако менаџерите ѝ забранија премногу често да пишува во официјалниот профил. Тоа го сподели пејачката пред своите фанови во Австралија, пишува New York Daily News.

“Не ми дозволуваат да го користам својот Twitter, бидејќи сум прилично зборлеста и често кажувам погрешни работи. Затоа ми ја одзедоа оваа привилегија”, се пожали Адел.

Пејачката истакна дека нејзините медиумски агенти не знаат за тајната нејзина сметка. “Е, сега, како што изгледа, тие ќе дознаат, откако го реков ова”, додаде таа.

Во ноември 2015 година менаџерите на Адел ѝ забранија да користи профилот на Twitter, по неколку споделувања од неа во пијана состојба. Тогаш Адел увери дека нема да ја затвора сметката, но веќе нема да пишува лично и сите пораки ќе минуваат низ двајца уредници.

Адел е една од најуспешните современи пејачки. На церемонијата на доделување на музичките награди “Греми-2017” доби статуетка за “Најдобар сингл”, “Најдобар соло поп изведба” и “Снимка на годината”, како и наградата во категоријата “Најдобар албум”.