Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост и го прекршуваат Законот за употреба на јазиците за да поттикнат тензии.
Тој додава дека албанскиот јазик во Македонија е официјален јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата.
-За тоа како би изгледало едно владеење на коалицијата ЛЕВИЦА, составена од ВМРО, Алијанса, Левица и Беса најдобро се демонстрира со незаконското отстранување на употребата на Албанскиот јазик во Културно-Информативниот Центар, институција во рамките на Град Скопје. Овој чин на директорот на Културно-Информативниот Центар на коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса предизвика многу реакции бидејќи со овој потег партнерите на коалицијата Алијанса за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна и од друга страна го прекршуваат Законот за употреба на јазиците кој е веќе во сила, со цел да ги поттикнат меѓуетничките тензии во време кога целиот континент страда поради војната во Украина. Ова може да биде само сценарио кое оди во прилог на Русија, како што беше и сценариото на мнозинството 61, вели Адеми.
Според него овеи партии намерно предизвикуваат омраза и тензии, суспендирајќи ја двојазичноста.
-Тие ја заменија Сермине Пурини со Ангел Димитров, а Ардијан Муча со Ангел Сотировски. Тие се свртеа кон изградба на крстови од ‘Скопје 2014’, наместо училишта и болници. Провоцираат штрајкови и ги оставаат децата без образование по пандемијата и во криза во Европа, дополнува Адеми.
Тој вели дека тоа е една немоќна коалиција и оцени дека Алијанса и Беса „стојат мирно“ пред Левица и ВМРО-ДПМНЕ“ и, како што се изрази, тие две партии се „патерица на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“.
-Вчера видовме колку уморни и немоќни се Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса.Алијанса и Беса и стојат МИРНО на Левица и ВМРО.Алијанса и Беса се патерица на Левица и ВМРОКоалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса исто така избркаа десетици Албанци од претпријатијата на Градот Скопје.Вчера, на пример, излезе нашиот омилен нестатутарен претседател на Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса, Зиадин Села и зборуваше за Законот за Игрите на Среќа кој неговата коалиција, Коалицијата ВМРО, Левица, Алијанса и Беса го блокираа во Собрание веќе 10 месеци, каква хипокризија, какво лицемерие. Усвојте го законот, бидете храбри, вратете им го зборот на ВМРО и Левица или пак опашката ви е фатена со изборната врата во Тетово и Гостивар?!, прашува Адеми.