296
Ако Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали ќе беше поднесена интерпелација за него, праша шефот на пратеничката група на ДУИ Арбр Адеми, како одговор на новинарско прашање, дали смета дека собранискиот спикер, негов сопартиец, го прекршил Уставот на Самитот ЕП – Западен Балкан каде официјално се обрати на албански, а не на македонски јазик.
-Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно – политички поени, рече Адеми.