Арбер Адеми од ДУИ денеска изјави дека најважно е да се ужива поддршката од граѓаните и да се има легитимитет, даден од нив, а не како, што рече „како губитник и како некој што моли да стои зад врататата да молиш, да плачеш да си дел од власта“, алудирајќи на коалицијата „Вреди“, која е во преговори со ВМРО-ДПМНЕ за составување нова влада.
Адеми, одговарајќи на новинарски прашања по настанот по повод Денот на Европа во организација на Европското движење во Северна Македонија дека внимателно ги следат политичките случувања бидејќи некои сакаат да го уништат сето она што е постигнато со Рамковниот договор.
– Гледаме тенденции да се минира сето тоа што е постигнато од 2001 година со потпишување на Рамковниот договор досега. Гледате и во програмите на политичките партии, кои сакаат да ја сочинуваат владата имаат определби и за елиминирање на Бадентер. Ова се механизми за заштита од мајоризација. Така што внимателно ги следиме сите политички случувања, а истовремено до нас како политичка партија се адресираат барања од интелектуалци, претставници на академската заедница, активни граѓани, за различни модели и за дефинирање на правниот поредок, рече Адеми и додаде дека во Собранието ќе ги користат сите механизми што им се на располагање како опозиција.
Според него, коалицијата „Вреди“ е во непријатна ситуација, бидејќи како нелигитимен претставник и како политичка опција која претрпела пораз сега „моли, плаче да биде дел од влада“. Тој нагласи дека „Вреди“ пред изборите кажале дека нема влада без уставни измени, а сега не се придржуваат на таа нивна позиција.