Адеми: Не е време да се делиме на Македонци и Албанци, имаме заедничка иднина

од Nikola Popovski
221 прегледи

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми уште еднаш истакна дека се солидаризираат со сограѓаните Македонци.

-Имаме заедничко минато, заедничка иднина, сме поминале низ добри и лоши моменти. Не е време за лажни вести, за емоцинална дебата базирана на лажни вести. Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти и ѕвездичка. Велат немаме старт на преговори, ќе имаме старт на преговори, вчера тоа беше истакнато од Мишел дека и ние и Албанија ќе стартуваме веднаш со скрининг процес. Се вели како лажна вест дека нема преговарачка рамка, а има преговарачка рамка. Ќе се потврди дека македонскиот јазик е македонски и ќе стане официјален јазик на ЕУ, рече Адеми од пред Клубот на пратеници, каде што претставници на пратеничките групи дискутираа за францускиот предлог.

Тој ги замоли новинарите да ја информираат јавноста на професионално ниво.

-Нема зијан од разговори и дискусии со сите заинтересирани страни. Не е време да се делиме на Македонци, Албанци, Роми, Власи… Имаме солидарност и стоиме на располагање да носиме заедничка одлука, која ќе носи нови перспективи, додаде Адеми.

Слични содржини