Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, вчера изјави дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш тој нема да ги признае резултатите.
„Никогаш нема да признаам ако биде таков резултатот“, изјавил тој во гостувањето на емисијата „Клик Плус“.
Адеми изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18.
„Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%“, рече Адеми, кој претходно беше министер за образование.
Мнозинството од 61 пратеник никако да се собере во Собрание. Дел од пратениците од власта не доаѓаат бидејќи се заразени или пак во изолација поради коронавирус. Македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ се произнесе против законот, додека албанската опозиција пак, изјави дека ќе гласа „за“.