Добро е да има консензус имајќи ја предвид воспоставената пракса за донесување на вакви значајни законски решенија, вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ за Предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада.
-И овој закон, кој се изменува и дополнува е донесен и предложен со консензус. Треба да се следи таа пракса и ако има договор помеѓу ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада, имајќи предвид дека не е логично земја која е членка на НАТО и аспирант за почеток на преговори со ЕУ да има техничка влада за спроведување на избори поради немање на доверба во институциите.Немаме против укинување на техничката влада. Но, за вакви решенија претходеле дискусии од партиите и не е добро еднострано да се предлага ваков закон, вели Адеми.