Пратениците на ДУИ и Алијанса за Албанците, Арбер Адеми и Елми Азири во дебатната емисија на ТВ 21, отоврија дебата за тоа која партија ќе добие поддршка на изборите во Тетово.
Пратениците во дебатата главно се фокусираа на Општина Тетово, а Азири изненади со својот одговор дека Алијанса за Албанците е спремна да го поддржи кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами.
Оваа вест отвори дебата околу тоа дали е можно да падне Владата доколку СДСМ ја поддржи кандидатката за градоначалничка во Тетово, Теута Арифи.
Пратеникот на ДУИ, Адеми порача дека сегашното мнозинство не само што е стабилно, туку после изборите и ќе се зголеми.
Тие се осврнаа и за Град Скопје, а од ДУИ веруваат дека Петре Шилегов ќе добие нов мандат, додека пак од Алијанса имаат спротивно мислење.
Азири вели дека токму Данела Арсовска сигурно ќе победи затоа што верува дека ќе биде подобар менаџер од Шилегов и дека ќе ја поддржат уште посилно во вториот круг.