Адеми со пцовки му се обрати на новинар (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Динамо од Загреб беа поразени во Виена од Рапид со 2:1 во натпреварот од третото коло во Лига Европа, а на теренот имаше многу провокации и инциденти.

Најзборувана е реакцијата на играчот на Динамо, Аријан Адеми, македонскиот репрезентативец,  кој влезе во вербална пресметка со некого на трибините. Не е јасно со кого точно влегол во конфликт, а хрватски „Индекс“ пишува дека неофицијално се работи за новинар од Австрија, кој очигледно го знае српскиот јазик, па Адеми на неговите провокации одговорил со пцовка на српски.

– Пуши к*р – беа зборовите што јасно можеа да се прочитаат од усните на Адеми, кои неколкупати бесно ги повторил во насока на оној што го изнервирал.

Динамо моментално има три бода од првите три кола, исто колку и Рапид и Генк, додека на првото место е Вест Хем со девет бода.

Во следното коло на 4 ноември, загрепчани на Максимир го дочекуваат Рапид.

 

Слични содржини