Адеми во Букурешт: Спомен-биста на Никола Мартиноски е суштински мост на одличните односи меѓу двете земји (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми денеска ќе открие спомен-биста на Никола Мартиноски во Букурешт, каде што нашиот познат сликар во 1927 година дипломирал на Школата за убави уметности.

-Денес во Букурешт, ја имам честа да ја откријам бистата на познатиот македонски сликар, Никола Мартиноски.

Нема сомнеж дека овој убав и вреден проект, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската.

Тој е колку симболичен, толку и суштински мост на одличните односи меѓу двете земји, рече Адеми.

Слични содржини