Јанис Адетокумбо се уште верува дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар на денешницата.
Додека многумина веруваат дека нивото на Џејмс благо опаднало во последните години и дека тој повеќе не е на врвот поради годините, Гркот не го дели тоа мислење.
„Интересно ми е како Леброн се уште е најдобрата физичка форма во својот живот и се уште е најдобар во светот иако е во својата 18-та сезона. Навистина сум заинтересиран за тоа. Сакам да знам како му оди сето тоа. Константен е 18 години, секогаш е тука кога треба. За мене е неверојатно“, изјави Адетокумбо.
Асот на Лејкерс минатата сезона имаше просек од 30,3 поени, 8,2 скока, 6,2 асистенции, 1,3 украдени топки и 1,1 блокада по натпревар.
„Тој добива заслуги, но мислам дека треба да добие повеќе. Да го правам тоа 18 години… Тешко е, луѓе. Се надевам дека ќе бидам тука толку време, дека ќе бидам на врвот 18, 20. години. Тоа е мојата цел“, искрено изјави Јанис.