Лидерот на Милвоки, Јанис Адетокумбо ги врати навивачите години наназад, откако го пресоздаде во сопствена варијанта легендарното забивање на Винс Картер од Олимписките игри во Сиднеј. Тогаш можеби најголемиот забивач на сите времиња го прескокна Фредерик Вајс од Франција, а синоќа во „меката на кошарката“ во Њујорк, „Медисон Сквер Гарден“, грчкото крило на Бакс направи нешто слично, прелетувајќи над беспомошниот ривал од составот на домаќините – Тим Хардавеј Џуниор.
211-сантиметри високиот Грк го заврши брзо нападот на својот тим по „алеј-уп“ пас од страна на Крис Мидлтон, буквално прескокнувајќи го Хардавеј Џуниор. Таа имплементација беше шлаг на тортата за Јанис, кој заврши со 23 поени, 11 скока, 6 асистнеции, 2 блока и 1 одземена топка при победата на својот тим со 103: 89.