257
Милвоки загуби во полуфиналето на истокот од Мајами, но Јанис Адетокунбо не го напушти НБА „балонот“ без чаша.
Откако беше избран за најдобар дефанзивец во сезоната 2019-2020, како и во идеалната петорка, грчкиот интернационалец беше прогласен и за најкорисен играч во НБА.
Јанис, кој имаше просек од 29,5 поени, 13,6 скока, 5,6 асистенции, 1,2 украдени украдени топки и 1,3 блокади по натпревар, им се приклучи на Бил Расел, Вилт Чембрлен, Карим Абдул-Џабар. Мосес Мелоун, Лери Бирд, Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Тим Данкан, Стив Неш, Леброн Џејмс и Стеф Кари, кои исто така двапати по ред беа избрани за најкорисни играчи во сезоната.