Adidas наскоро ќе претстави нова линија на спортски градници, но на една од нивните реклами воопшто не се прикажани градниците.
Наместо тоа, компанијата објави фотографија на Twitter со 25 пара женски гради во сиот природен и разновиден сјај.
Концернот за спорт и облека ја „закачи“ рекламата на својот профил под линк кој води до колекцијата за сите што ќе стигнат таму. Рекламната порака гласи: #SupportisEverything. (Поддршката е сè)
„Веруваме дека женските гради во сите облици и големини заслужуваат поддршка и удобност“, порачаа од Adidas во кампањата. „Поради оваа причина, нашата нова линија на спортски градници содржи 43 различни стилови, па секој може да ги избере вистинските за себе“.
We believe women’s breasts in all shapes and sizes deserve support and comfort. Which is why our new sports bra range contains 43 styles, so everyone can find the right fit for them.
🔗 Explore the new adidas sports bra collection at https://t.co/fJZUEjvopQ#SupportIsEverything pic.twitter.com/CESqmsXOwI
— adidas (@adidas) February 9, 2022
Очигледно, рекламата има за цел да привлече внимание и не беше чудно што доби огромна популарност на социјалните мрежи. Adidas предизвика сериозна дискусија, но можеби не толку за спортските градници или за оваа конкретна нова колекција, како што компанијата можеби се надеваше, пишува CNN Business.
Жени и мажи на Twitter се приклучија на дебатата за рекламната кампања на Adidas, со различни реакции.
Некои корисници, главно жени, рекоа дека повеќе би сакале да гледаат градници наместо гради. Други ја опишаа рекламата како несоодветна или збунувачка. Treti ја опишаа како храбра и му честитаа на Adidas.