„Адитив“: Обвинителниот акт доби зелено светло, следува судење

од Марта Пешевска
124 прегледи

Основниот кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за случајот „Адитив“, по што е оформен нов кривично-правен предмет кој преку АКМИС системот ќе биде распределен кај судија за понатамошна постапка.

Обвинителниот акт, поднесен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на 27 февруари, опфаќа 31 физичко и 5 правни лица. Обвиненијата се однесуваат на повеќе кривични дела, меѓу кои: несовесно работење во службата, злосторничко здружување, злоупотреба во постапка за јавни набавки, злоупотреба на службена положба и перење пари. Терминот за главната расправа ќе биде објавен на веб-страницата на судот преку Календарот за судења.