Администаративците најавуваат секојдневни протести доколку не се исполнат нивните барања

од Берта Китинска
779 прегледи

Денеска Законот за административни службеници е во собраниска процедура, на пленарна седница, закон кој е потценувачки и се надеваме дека денеска нема да биде изгласан од причина што платите на административните и јавните службеници ќе бидат покачени за само 10, до 200 или 300 денари, кажа Благоја Рапловски, претседател на КСС.

Тој ги повика сите пратеници во Собранието да не го гласаат овој закон.

– Решението е многу едноставно. Членот 88 од Законот за административни службеници вели дека Владата го покачува бодот. Ако Владата го покачува бодот, решението е едноставно, за пола час на собраниска седница може да се реши овој проблем – вели Ралпосвки.

Според нив, доколку се зголеми бото на 103 денари, тогаш паралелно ќе се зголемат платите на сите врадобтени кои тие ги застапуваат, односно најниска би била околу 18.200 денари, а другите паралелно и соодветно би пораснале. Во спротивно, распонот во плати на оние со средно и со високо образование паѓа на 1.000 до 2.000 денари.

Рапловски посочи дека доколку до 26 април до 12 часот Владата не се одзива на нивните барања, ќе излезат на улица.

-Секој ден од 16 пред собранието до 17 пред Владата ќе ги бараме нашите права затоа што членството е разочарано и во делот на примањата на минималната плата. Доколку денеска се донесе законот, тоа значи дека Владата е против работниците и се извршува манипулација. Решението е едноставно, покачување на платите, појаснува Ралповски.

Слични содржини