241
Министерот за правда, Кренар Лога на средбата со неговиот турски колега, Јилмаз Тунч разговарал и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Лога бил информиран од турскиот министер за правда дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.
По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава.
Министерот му се заблагодарил на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочил дека ова добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство.