Административците ќе примат покачена минимална плата по усвојување на законските измени

од Nikola Popovski
312 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информираше дека сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.

Според него, потребно е да се изменат одредени закони кои во моментов не се изменети и се во собраниска процедура.

-Владата веќе минатата недела донесе заклучок со којшто ќе биде овозможено оние коишто нема во овој месец да ја добијат платата до 18 илјади денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесе законот соодветен за административни службеници, информира денеска Ковачевски.

За утре и во петок од 10 до 12, УПОЗ најави предупредувачки прекин во работниот процес.

-Од цел јавен сектор, скоро сите добиваа големи зголемувања на платите, освен во управата и правосудството. Последното зголемување беше од 5% во 2018. Бараме да не бидеме оставени на цедило, како досега, вели Трпе Деаноски од УПОЗ.

Слични содржини