Администрацијата и државните институции во служба на граѓаните, Шаќири: Нула толеранција за корупцијата

од Берта Китинска
166 прегледи

Воспоставување на електронски систем за поднесување на електронски пријави и поплаки, поврзани со услугите кон јавната администрација, е еден од проектите во рамките на дигитализација на услугите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Владата на РСМ. Со тоа ќе се овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од јавната администрација.

„Електронскиот систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи. Освен примарните придобивки кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите кои ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има за цел да ја поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети“, вели г -дин Јетон Шаќири министер за информатичко општество и администрација.

Слични содржини