Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе излезат на улица бидејќи се револтирани од односот на Владата. Тие од колумна на министерот Фатмир Бесими дознале дека наместо поголеми плати, административците ќе добијат методологија за нивната продуктивност.
-Незадоволството е огромно. Во 5 до 12 да се бараат изговори дека сега ќе се прават методолигии, сега ќе се прави оценување…. а тоа го има во секој закон. Мислевме дека се разбираме и покажавме солидарност со кризата што се случува, но тоа не е доволно за Владата. Се спремаме со сите органи за одлука за генерален штрајк, информира Трпе Дејановски од УПОЗ.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во вчерашната колумна порача дека допрва ќе се подготвува методологија по која ќе се мери продуктивноста на вработените, па врз основа на тоа ќе се зголемуваат платите.
Пред извесно време синдикатите побараа линеарно зголемување на сите плати во јавнито сектор поради растот на минималецот на 18 илјади денари, но и поради порастот на цените на производите и на енергенсите.