Администрацијата на работа со сертификати или негативни ПЦР тестови

од Берта Китинска
381 прегледи

Oткако бројот на заразени со ковид 19 во земјава започна да расте Комисијата за спречување заразни болести излезе денеска со нови предлог мерки до Владата кои на сила треба да стапат  10 дена од нивното усвојување.

“Сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции , за одење на работно место, да мора да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат пцр негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа а ќе биде направен на сопствен трошок, или пак да имаат потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена или ќе имаат потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат а тоа се некои од ретките имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат” – изјави Филипче.

Филипче додаде дека комисијата препорачала на мерките да се приклучат и приватните компании . Веќе имаме најави за такво нешто затоа што од Сојузот на Стопански комори стигна едно писмо со слични барања  а се со причина да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата, изјави министерот за здравство.

Комисијата предлага и вакцинацијата за здравствените работници да биде задолжителна.

Слични содржини