Аднан Сума, еден од тројцата посочени како осомничен за аферата со фалсификуваните лични карти, реагира дека не се точни написите за негова вмешаност во случајот. Тој на својот Фејсбук профил пишува дека е жртва на валкана пропаганда против него.

adnan

 

“Драги мои сограѓани ова е пропаганда од страна на медиумите. Нема врска со реалноста. Јас сум семеен човек, кој работи со транспорт, со моето семејство и со градежништво со моите браќа. Јас не сум монструм како што ме опшуват во медиумите. Не сум инволвиран во овие пропаганди од медиумите, ниту сум вмешан во оваа афера со личните карти. Ниту сум сенка на оваа работа, а камо ли да сум вмешан во нешто со оваа работа.

Груевски: Снимката од “собата за пасоши” е дадена за да се насочи дека најверојатно некој од ВМРО работи таму

Само едно тврдам: не знам, ниту сум дел од оваа афера. Што се однесува до сликите со господинот Груевски, тоа е фотошоп од некој аматер. Тврдам никогаш не сум сликан и дека сум бил близок. А со господинот Мијалков и господинот Љупчо, ниту ги знам. Само од ТВ ги знам. Со господинот Оливер денешен минстер за внатрешни работи сум сликан во мојата населба на „Џон Кенеди“ и ми беше мило да се сликам со тој прекрасен човек, кој ја престави вистината за Македонија. За крај мои сограѓани, да ни е вечна Република Македонија мојата татковина, напиша Сума на профилот. ”

 

Деновиве во медиумите се отворија повеќе дилеми, зошто осомничените за „тајната работилница за лични карти“ не се во притвор. На ова прашање не одговори ниту ОЈО.

Слични содржини