Адолф Хитлер победи на изборите во Намибија: „Не се стремам кон светска доминација“

од Nikola Popovski
499 прегледи

Политичар именуван по нацистичкиот лидер и злосторник Адолф Хитлер победи на изборите во африканската држава Намибија. Тој вели дека неговите намери не се ни оддалеку слични на неговиот неславен истоименик.

Политичарот Адолф Хитлер Унона победил на изборите во Намибија со 85% од гласовите, пренесува „Mail Online“.

Неговиот татко е одговорен за неговото име, кој го именувал по озлогласениот лидер на нацистите.

– Татко ми ме именуваше по него, но тој веројатно не знаеше која е таа личност. Како дете, не го гледав моето име како проблем. Дури подоцна, како тинејџер, сфатив кој е всушност Адолф Хитлер и каква била неговата намера – изјавил намибискиот политичар.

Политичарот истакнал дека неговата сопруга го нарекува Адолф Унона затоа што сака да избегне каква било поврзаност со злосторникот и дека неколку пати размислувал за промена на името.

„Фактот дека го имам ова име не ги потврдува моите намери ниту значи дека сакам да ја освојам Ошана“, изјавил тој, мислејќи на регионот во кој победил на изборите.

Овој политичар живее во поранешната германска колонија Намибија, каде сè уште постојат знаци на германска окупација. Имињата на улиците и местата сè уште можат да се најдат на германски јазик.

Некогаш позната како Германска Југозападна Африка, Намибија била германска колонија од 1884 година до крајот на Првата светска војна.

Слични содржини